Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го пропушти утрешното градско дерби против Атлетико Мадрид, потврди денеска тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, и изјави дека Французинот ќе се врати на терените дури по репрезентативната пауза.
Фудбалерите на Атлетико во недела од 21 часот го пречекуваат Реал на стадионот Метрополитано во рамките на шестото коло од Примера.
„Нема да кажам кој ќе го замени Бензема, но тој сигурно нема да игра. Почна да работи индивидуално и ќе биде подготвен по репрезентативната пауза“, изјави Анчелоти на денешната прес-конференција, а пренесуваат шпанските медиуми.
Реал по пет одиграни кола е лидер во Примера со максимални 15 бодови, додека Атлетико е на седмата позиција со 10 бодови.
Карим Бензема постигна четири гола на шест натпревари за Реал Мадрид оваа сезона.