Ѕвездата на Ал-Итихад, Карим Бензема смело ја коментираше изјавата на Кристијано Роналдо дека е „најдобриот фудбалер во историјата, точка“.
Минатиот викенд Ал-Итихад го совлада Ал Хилал со 4-1, а по натпреварот Бензема беше прашан за зборовите на неговиот поранешен соиграч.
„Секој има право на мислење. Ако Кристијано мисли дека е најдобар во историјата, тоа е негово гледиште, но има и други големи играчи. За мене, на пример, број 1 е Роналдо Назарио“, изјави 37-годишниот Французин.
Бензема истакна дека не сака да прави директни споредби меѓу фудбалерите: „Секој има своја приказна, а Кристијано исто така изгради своја“.
Двајцата напаѓачи поминаа речиси една деценија заедно во Реал Мадрид, каде што формираа едно од најсилните напаѓачки дуо во модерниот фудбал.