Бензема нема да се жали на условната казна поради изнудата на Валбуена

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Напаѓачот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Карим Бензема одбил да поднесе жалба на условната казна од една година поради соучество во изнудата на неговиот поранешен соиграч Матје Валбуена, јавуваат светските агенции.

Покрај една година условна, Бензема доби и парична казна од 75.000 евра, а Валбуена мораше да плати отштета од 80.000 евра.

Според обвинението, фудбалерот го охрабрил својот соиграч да плати рекет на група уценувачи за да ја чува во тајност компромитирачката сексуална евиденција. Скандалот во 2015 година се одрази на кариерата на 34-годишниот напаѓач, кој 5 години беше изоставен од репрезентацијата на својата татковина. Тој се врати во Франција за ЕП 2020.

Адвокатот на Карим Бензема, Хуго Виги, за францускиот весник L’Equipe изјави дека фудбалерот одлучил да ја повлече жалбата, но и понатаму негира дека сторил незаконски дејствија.

„Мојот клиент е исцрпен од овој процес. Пресудата е судска вистина, но не е реалност. Карим Бензема секогаш ќе се изјаснува за невин во оваа афера“, рече Виги.

Слични содржини