Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема ја коментираше битката со напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо за титулата најдобар стрелец во првенството на Саудиска Арабија.
„Сакам да кажам нешто: јас не сум човек кој размислува за постигнување голови. Убаво е да се биде покрај Кристијано, но за мене најважно е да победам во натпреварот. Ако можам да постигнам повеќе голови за мојот тим, ќе бидам среќен. Вршиме одлична работа со нашите неверојатни фанови. Тие не притискаат, а ние даваме се, излегуваме на терен да победиме. Секако, ги гледаме другите тимови бидејќи и тие се добри, но ние сме концентрирани на Ал-Итихад. Фокусирани сме на себе и имаме големи планови“, прокоментира Французинот, цитиран од официјалниот сајт на Арапската лига.
„За нас сите натпревари се многу важни. Секако дека Ал-Хилал е еден од најдобрите тимови во Саудиска Арабија, така што добро ќе се подготвиме за овој натпревар, тоа е важно за нас“, додаде Бензема.
Оваа сезона во првенството на Саудиска Арабија Роналдо има 16 гола, додека Бензема постигна 15.