Францускиот фудбалер Карим Бензема изјави дека е среќен што го освои трофејот во Лигата на нации и додаде дека неговиот тим на натпреварот со Шпанија покажал дека никогаш не се откажува.
-Тоа беше ноќ од соништата, и од лична и од тимска гледна точка. Навистина сакав да го освојам трофејот со Франција. Не беше лесно, но ја покажавме силата на карактерот на овој тим. Ние никогаш не се откажуваме. Тоа е карактеристика на големите тимови, никогаш да не паничат и да бидат трпеливи, рече Бензема по натпреварот.
Француската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации во саботата навечер, откако во финалето во Милано по пресвртот ја совлада Шпанија со 2-1.
Шпанија поведе во 64. минута со голот на Микел Ојарзабал, а Карим Бензема израмни во 66. минута. Победничкиот гол го постигна Килијан Мбапе во 80. минута.
-Успеавме да постигнеме два гола. Ќе го искористиме ова максимално и ќе се подготвиме за Светското првенство … и ќе продолжиме да победуваме, додаде Бензема.