Бензема за Мбапе: Знаев дека порано или подоцна ќе заврши во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема го сподели своето мислење за трансферот на неговиот сонародник Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Французинот потпиша до 2029 година како слободен играч по заминувањето од Пари Сен Жермен.

„Знаев дека порано или подоцна Мбапе ќе стане играч на Реал Мадрид. Секогаш мислев така – и така испадна. Тој е неверојатен фудбалер“, прокоментира Бензема, цитиран од „Марка“.

Бензема од минатото лето е во Саудиска Арабија каде настапува за Ал-Итихад.

Слични содржини