Карим Бензема повторно одигра одлична партија во финалето на Суперкупот на Европа, постигнувајќи гол во победата на Реал Мадрид над Ајнтрахт Франкфурт (2:0).
Ова беше 324. гол на Французинот за Мадрид и сега е на второто место на листата на најдобри стрелци на шпанскиот клуб, само зад Кристијано Роналдо (450).
„За мене се стана поинаку откако Кристијано Роналдо го напушти Реал. Точно е дека постигнав многу повеќе голови, но кога тој беше тука, имавме поинаков стил на игра, повеќе асистирав. Тој навистина ми помогна на теренот и надвор од него. Но, тогаш знаев дека можам многу повеќе и кога тој замина, време беше да ја сменам играта, да ги сменам амбициите и во моментов добро ми оди“, изјави Бензема.
Реал новата сезона во Ла Лига ќе ја започне в недела од 10 часот со гостување кај Алмерија.