Бензема: „Златната топка“ е мојот сон уште од дете

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, призна дека „Златната топка“ е негов детски сон. 34-годишниот напаѓач е свесен дека оваа година е најблиску до остварување на тој сон.

„Надеж за „Златната топка“? Ајде да видиме што ќе се случи. Треба да ги почекаме резултатите од гласањето. Да ја освојам „Златната топка“ е мојот детски сон. Сега не сум толку далеку од тоа да го остварам. Да видиме што ќе се случи“, изјави Бензема, цитиран од француските медиуми.

Бензема веќе постигна четири гола и даде една асистенција на четири натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Карим пред два дена беше прогласен за најдобар играч во изминатата сезона според УЕФА.

Доделувањето на „Златната топка“ е закажано за 17 октомври.

Слични содржини