Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,927%, кај дизелот за 0,897%, кај екстра лесното масло за 1,042% и кај мазутот зголемување за 1,983%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на
Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)