Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува

од Берта Китинска
300 прегледи

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ги објави новите цени на горивата, кои ќе почнат да важат од вечерва на полноќ.

Малопродажните цени на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се зголемуваат за 0.50 денари по литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.50 денари.

Цената на Еуродизел не се менува, односно еден литар дизел и понатаму ќе чини 63.00 денари.

Слични содржини