Бербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.

„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно. САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.

Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари. За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.

Слични содржини