Бергер: Хорнер останува во Ред Бул, Макс, Њуи и доктор Марко заминуваат

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Потресите во Ред Бул продолжуваат, а шефот на тимот Кристијан Хорнер очигледно е подготвен да направи се за да си ја спаси работата, но многу брзо може да испадне дека цената за тоа ќе биде исклучително висока.

Веќе се појавија шпекулации дека Макс Верстапен би можел да го напушти тимот доколку Хорнер остане на чело, како и информации дека Адријан Њуи и докторот Хелмут Марко се оградиле од Британецот, кој се вплетка во секс скандал.

Поранешниот Формула 1 возач и поранешен косопственик на вториот тим на Ред Бул, Торо Росо, Герхард Бергер, предвиде дека Макс ќе го напушти тимот и ќе се пресели во Мерцедес.

„Како што изгледаат работите во моментов, Хорнер ќе остане во Ред Бул, Хемлут Марко и Адријан Њуи ќе си заминат, а Макс Верстапен ќе оди во Мерцедес“, предвиде Австриецот, кој исто така беше близок со Диди Матешиц, за „Ф1-Инсајдер“.

Бергер не ја коментираше својата основа за тоа предвидување и не ја отфрли сугестијата дека и тој е во таборот на оние кои нема да го поддржат Хорнер доколку побара дополнителна поддршка за да ја задржи функцијата.

Слични содржини