Бериша: Курти ги злоупотребува Албанците во С.Македонија, сака да предизвика конфликт

од Nikola Popovski
535 прегледи

Претседателот на Матицата на Албанци во Србија, Демо Бериша денеска оценил дека косовскиот премиер Аљбин Курти ги злоупотребува опозициските партии на Албанците во Северна Македонија за да го постигне својот воен план и да предизвика конфликт.

На прашањето да ја коментира посетата на Курти на Северна Македонија и како таа може да влијае на стабилноста во регионот, особено со оглед на тоа што Курти приватно заминал во друга земја каде што пропагирал „Голема Албанија“, Бериша вели дека не е изненаден со оглед на тоа што, како што рече, политички учител на Курти е Адем Демачи, кој бил во затвор за истата политика.

Таа негова идеја е внесена во програмата на партијата на Албин Курти и тој ја реализира само со цел да направи две работи. Едната е да изврши притисок врз Европската Унија, а неговата вистинска идеја е тој да биде лидерот на сите Албанци во областа на Западен Балкан. Ќе продолжи да провоцира, рекол Бериша.

Тој всмета дека не треба да се заборави фактот дека пред неколку години Албанците и Македонците во Северна Македонија „војувале“ за позиции и дека „едвај“ достигнале одредено ниво на соработка.

Сега Курти целосно ги злоупотребува опозициските партии на Албанците во Северна Македонија за да го реализира својот воен план, а неговиот воен план е идејата тоа да се прошири во централниот дел на Србија, односно во Прешевската долина. Во своите говори тој зборува за источно Косово, а не за централна Србија. Тој смета дека Прешевската долина е дел од источно Косово и со самото тоа му нацртал мета на челото на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, смета Бериша.

Тој оценил дека тоа е „болна“ идеја на Курти и дека доколку не успее во тоа, може да се очекува дека ќе се обиде да предизвика конфликти на северот на Косово, што би се префрлило во судир меѓу српската армија и КФОР.

Слични содржини