Бериша најави тужба против Блинкен

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша на вонредна прес-конференција објави дека ќе поднесе тужба против американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој вчера изјави дека на Бериша и неговото семејство им е забрането да влегуваат во САД поради корупција, пренесе „Еуроњуз Албанија“.

Бериша вели дека го овластил неговиот адвокат во Франција да поднесе тужба против Блинкен за јавна клевета, што тој ги донесе за него и неговото семејство од непознати причини за него и без никакво предупредување.

„Нема никој во Албанија или во светот што може да каже дека сум или сум бил вклучен во каква било коруптивна афера, па затоа разговарав со мојот правен советник во неутрална и реномирана земја како Франција, за да покрене тужба против Ентони Блинкен за јавна клевета во парискиот Кривичен суд“, рече Бериша.

На новинарско прашање дали ќе го тужи помошникот државен секретар за Европа Метју Палмер, кој во интервју за Гласот на Америка рече дека Бериша „ја злоупотребил својата позиција“, поранешниот премиер рече дека треба да ја погледне неговата изјава, но верува дека „висок американски функционер ја бранел позицијата на Стејт департментот“ и дека засега фокусот е на Блинкен.

Слични содржини