Бериша: Отворен Балкан е ѓаволска иницијатива

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, кој вечерва повика на протест во Тирана , со бизарен говор ја нападна иницијативата „Отворен Балкан“, нарекувајќи ја „ѓаволска иницијатива за воспоставување српска хегемонија“ во регионот.

Додека демонстрантите запалиле српско знаме, Бериша ја осудил иницијативата „Отворен Балкан дека ги брише границите на Балканот“.

– Овој проект има за цел да воспостави српска хегемонија во регионот. Историјата докажа дека еден од најголемите неуспеси на Балканот, Европа и светот беше идејата за српска хегемонија на нашиот полуостров, истакнал Бериша пред присутните на протестот.

Тој додаде дека Вучиќ и Рама „го опколиле Косово и сакаат да го уништат“.

-Денеска овде протестираат сите граѓани на Македонија, Косово, Босна, кои во ѓаволскиот проект гледаат обид на авантуристи да ја заменат берлинската иницијатива. Прочитајте го писмото што го испратија до Брисел. Никаде не станува збор за суверени народи, туку за народи во стариот југословенски концепт, заклучи Бериша.

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана.

Слични содржини