Botschafter der Bundesrepublik Deutschland, Johannes Konrad Haindl

Botschafter der Bundesrepublik Deutschland, Johannes Konrad Haindl

– Внатрешно-политичката ситуација во ПЈР Македонија нè исполнува со голема загриженост. Излез од сериозната и длабока криза сè уште не е на повидок. Затоа, министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, одлучи да именува посебно надлежно лице, т.е. специјален повереник, за ситуацијата во ПЈР Македонија. Тој го замоли амбасадорот Јоханес Хајндл (актуелен амбасадор во Виена) да ја преземе оваа функција. Отсега, амбасадорот Хајндл тесно ќе соработува со Европската комисија и со САД и со други партнери за да ги поддржува во нивното посредување при надминувањето на внатрешно-политичката криза – соопшти портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер, на денешната прес-конференција во Берлин, пренесува Мета.

Шефер истакна дека тоа е израз на ангажманот на сојузната влада на Германиjа во земjите на Западен Балкан, исто така, и во поглед на европската перспектива, која ја имаат овие земји, како и во поглед на нивната интеграција во евро-атлантските структури.

Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија.

Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија.

Хајндл работел како новинар во Баварското радио, пред да влезе во диполоматска служба во 1987 година.

СЈО: Крпач не беше причината поради која баравме измени во Законот за заштита на сведоци

Тој бил вработен во германската амбасадата во Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили за ападен Балкан при германското МНР.

Хајндл помеѓу 2001 и 2004 година бил шеф на одделот за Западен Балкан, а потоа до 2006 година бил претставник за Југоисточна Европа и Турција во Министерството за надворешни работи, пред да биде назначен за заменик-шеф на мисијата во САД од 2009 година

Од 3 септември 2009 година до 2011 година тој бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.