Германската влада и Европската комисија одржуваат неофицијални разговори за создавање на Европски данок за солидарност кој треба да помогне за покривање на трошоците за грижата за бегалци, соопшти германското издание “Зитдојче цајтунг”.

Парите би можеле да бидат собирани преку дополнителен надомест на нафтата или преку зголемување на Данокот на додадена вредност, се вели во статијата. Според весникот дел од дополнителните средства ќе бидат искористени за јакнење на надворешните граници на Унијата во земји како Бугарија, Шпанија, Грција и Италија.
Износот на надоместокот се уште не е фиксен. Пред изданието сепак Владата во Берлин одрекува да мисли за европски данок за солидарност. “Работите стојат вака: Ниту сакаме зголемување на даноците во Германија, ниту сакаме воведување на европски данок”, изјави портпаролот на Владата Штефен Зејберт. Оваа година повеќе од половина милион имигранти од Блискиот Исток и Африка пристигнаа на територијата на Европската унија, предизвикувајќи спорови за одлуката и финансирањето на кризата со бегалците. ЕК изјави претходно дека земјите од Унијата, чиј средства се ризикуваат да бидат погодени од кризата, можат да добијат олеснување на нивните буџети.