Берлин ја обвинува Москва за насочени сајбер напади

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Германија ја обвини Русија за насочени сајбер напади. Службите тврдат дека имаат доволно докази дека руски хакери собираат информации во Германија, за да ги користат за политички цели, прецизираат германски медиуми.

Основната задача им е да влијаат на одлучувачките избори по пет месеци. Моделот е сличен на користениот во САД, каде уште испитуваат дали хакери на Кремљ помогнале за изборот на Доналд Трамп. Германските служби сакаат нов закон, кој им овозможува да напаѓаат интернет сервери, кои шират пропаганда или се користат за сајбер напади.