Берлин: Маск се обидува да влијае на изборите во Германија

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Американскиот милијардер Илон Маск се обидува да влијае на парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, изјави денеска портпаролката на германската влада.

Таа рече дека Маск навистина се обидува да влијае на претстојните германски избори со своите објави на платформата X, како и со неговата отворена поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (AfD) во текот на викендот.

Портпаролката на германската влада посочи дека Маск е слободен да го каже своето мислење, но наведе дека „слободата на мислење ги покрива и најголемите глупости“.

Маск ја поддржа AfD во авторски текст објавен од германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ во саботата, што го натера уредникот на делот за коментари да поднесе оставка во знак на протест.

Во коментарите, Маск ја прошири објавата што ја сподели на платформата X минатата недела кога тврдеше дека „само AfD може да ја спаси Германија“, објави Ројтерс.

Германската домашна разузнавачка агенција ја класифицира AfD на национално ниво како екстремистичка партија од 2021 година.

AfD е втора според анкетите и можеби ќе може да го спречи формирањето на централно-десничарско или левичарско мнозинство, но центристичките партии во Германија ветија дека нема да бараат поддршка од партијата на национално ниво.

Слични содржини