Берлин обвини дека СИРИЗА погрешно ја наведувала грчката јавност

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја обвини грчката владејачка партија СИРИЗА дека погрешно ги наведувала гласачите со ветувањата дека земјата може да остане во еврозоната без да се соочи со драматични реформи, јави дописникот на МИА од Берлин.

shojble

Во интервју за неделникот „Виртшафтсвохе“, Шојбле вели дека тие ветувања не можат да влијаат на тензиите меѓу Атина и меѓународните кредитори за судбината на блокираните фондови за помош на Грција.

„Европа е создадена на взаемна доверба и затоа мора да се однесуваме внимателно, затоа и разговорите со Грција се толку досадни“ , вели германскиот минситер според кого на последните избори СИРИЗА успеа да ја натера Грција да поверува дека постои  поедноставен начин да остане во еврозоната – без да се соочи со значајни реформи кои што се првенствено интерес за земјата.

„Можеби СИРИЗА не требаше да дава  такви ветувања на изборите“, вели искусниот германски политичар  кој и покрај критиките за Атина и јавните препукувања со грчкиот минситер за финансии Варуфакис не се откажува од наоѓање начин Грција да остане во еврозоната откако ќе ги спроведе бараите реформи./МИА