Германската полицијата соопшти дека од Националниот музеј во Берлин е украдена тијара изработена од злато и платина, украсена со 367 дијаманти. Според полицијата на Баден-Виртемберг, тиарата, украдена на 29 април, има вредност од 1,2 милиони евра.
Тиарата била украдена од просторија во музејот во која круната се чувала заклучена во плакар, пренесува АП.
Круната била изработена во почетокот на 20 век, и и припаѓала на војвотката Хилда вон Баден, која живеела 1864-1952.
Германската полиција во моментов бара сведоци кои тој ден можеби забележале нешто необично во музејот.