Берлин сака да протера повеќе од 30 руски дипломати

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.

Според тврдењата на германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската, пишува германски „Фокус“.

Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.

Слични содржини