Берлин се откажува од специјалниот пратеник за Западен Балкан

од Марта Пешевска
227 прегледи

Германската влада под водство на канцеларот Фридрих Мерц одлучи да намали бројот на специјални претставници и координатори, укинувајќи вкупно 25 позиции, меѓу кои и функцијата на специјалниот пратеник за Западен Балкан.

Оваа одлука, објавена од „БИЛД“, подразбира и укинување на позиции за климатска политика, миграција, како и координатори за транспорт и информатичка технологија. Специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Саразин, беше назначен во 2022 година, но оваа функција сега е укината, што сугерира промени во германскиот пристап кон регионот.

Со одлуката, задачите на разрешените претставници ќе ги преземат надлежните министерства, а нови позиции ќе се воведуваат само со одлука на кабинетот или канцеларот.