Берлускони хоспитализиран по позитивниот тест за коронавирус

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е превентивно хоспитализиран во Милано на тестови откако беше позитивен на коронавирус, објави неговата партија „Напријед Италија“ во петокот.

Партијата соопшти дека неговата здравствена состојба „не предизвикува загриженост“.

83-годишниот медиумски тајкун бил во изолација во неговиот дом во Аркор, северно од Милано.

Партијата наведува дека сега превентивно се наоѓа во болницата Сан Рафаеле „од претпазливост“.

Берлускони разговараше преку видео врска со приврзаниците на неговата партија во четвртокот и рече дека веќе нема треска, пренесува Хина.

„Повеќе немам треска, немам болка. Сакам да ги убедам сите дека сум прилично добар“, рече тој.

Берлускони неодамна се врати од својата летна куќа на Сардинија каде, во август, кога туристите од целата земја пристигнаа на островот, имаше нагло зголемување на бројот на случаи на нова инфекција со коронавирус.

Слични содржини