Берлускони излезе од болница по шест недели

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој има 86 години, денеска ја напушти болницата во Милано, каде беше примен пред шест недели поради леукемија и инфекција на белите дробови, објави фоторепортер на АФП.

Силвио Берлускони бил отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во главниот град на Ломбардија околу 13 часот и 15 минути во автомобил со затемнети стакла и по заминувањето не се огласил во јавноста.

Берлускони на 5 април беше примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради инфекција на белите дробови, по што лекарите прво се посомневаа на леукемија.

По хоспитализацијата, лекарите соопштија дека Берлускони боледува од хронична миеломоноцитна леукемија. Не навеле кога првпат му бил дијагностициран ракот, само дека состојбата не е акутна.

Слични содржини