Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по сексуалните испади на прочуените „бунга, бунга“ вечери официјално се раздели од партнерката, за да се гледа со жена која е 54 години помлада од него.
Милијардерот кој има 83 години ја напушти Франческа Паскале (34) после 12 години заеднички живот, но тие остануваат пријатели, наведи партија на Берлускони Напред Италија (Forza Italia).
Berlusconi ha sido cazado en compañía de Marta Fascina, nacida en 1990, mientras salen de un hotel de lujo en Suiza. https://t.co/nvLXVd7PYW
— La Otra Crónica (@LaOtraCronica) March 5, 2020
Франческа Паскале живее во луксузна вила која претходно и ја купи Берлускони.
Берлускони кој зад себе има два разводи, но со Франческа Паскале не се венчаше, падна на шармот на манекенката Марта Фачина, која има 30 години и е пратеник од неговата партија.
Италијанските таблоиди претходно објавија дека манекенката имала обичај да спие кај Берлускони, за да му биде веднаш достапна за работните состаноци.
Папараците неодамна обелоденија и фотографии на новата љубовна двојка како излегува од еден хотел во Швајцарија.