235
Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони се изрази негативно на адреса на тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо по вториот последователен нерешен резултат за тимот.
Берлускони пред италијанската телевизија RAI уште еднаш истакна дека се поретко го гледа својот омилен тим поради лошиот фудбал кој го игра.
„Не се согласувам со она што се случува во Милан. Сум видел тимот да игра со еден – двајца напаѓачи, но секогаш сме постигнувале многу голови. Тренерот Гатузо нека знае само едно – целта во фудбалот е противничката мрежа“, објави Берлускони.