Берлускони: Се борам против оваа проклета болест, многу е гадна

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше хоспитализиран откако беше заразен со коронавирус, вели дека се бори против „ѓаволска болест“.

„Се борам против оваа проклета болест, многу е гадна“, рече 83-годишниот Берлускони, откако се обрати преку телефон на политичкиот митинг на неговата партија „Форца Италија“.

Снимка од неговото обраќање, дел од кампањата за претстојните регионални избори, објави семејниот весник на Берлускони, „Ил Џорнале“.

Поранешниот премиер тврди дека тестовите во миланската болница Сан Рафаеле покажале дека тој бил во „првите пет пациенти според тежината на инфекцијата“.

„Се борам најдобро што можам и се надевам дека ќе се вратам“, рече тој.

Берлускони е во болница од петокот. Таму му беше дијагностицирана билатерална пневмонија поврзана со ковид.

Поранешниот премиер, кога неговиот лекар некогаш го опиша како „технички бесмртен“, има долга историја на здравствени проблеми, од карцином на простата пред дваесет години до операција на отворено срце во 2016 година и поради проблеми со дебелото црево минатата година.

Неговиот личен лекар Алберто Зангрило, кој работи во Сан Рафаеле, за РАИ изјави дека е оптимист, затоа што Берлускони добро реагира на терапијата.

Слични содржини