Берни Сандерс: Ако Трамп има храброст да им се спротивстави на корпорациите, тој во мое лице ќе биде сојузник

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Независниот сенатор од Вермонт Берни Сандерс изјави дека може да открие допирни точки со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

cassidy-bernie-sanders-loud-and-clear-1200

Сандерс ги критикува корпорациите кои извезуваат работни места во странство, за да ги намалат производствените трошоци, што е во спротивност со интересите на работничката и средната класа во САД и вели дека ако Трамп навистина “има храброст” да се спротивстави на корпорациите, тогаш тој ќе открие во него сојузник, пренесе Breitbart.
“Тие си мислат дека можат да заштедат пари во државата Индијана, ако локално производство го преместат во Мексико и вработат луѓе таму по пониска плата. Ќе направите нешто за да го намалам овој тип на преместување. Во оваа област сум подготвен да работам со Трамп, за да изјавиме не на корпоративна Америка, дека не може да бара низ целиот свет, било во Кина, Виетнам или бог знае каде, места со најевтина работна сила и со коja ја уништува средната и работничката класа во САД “, смета Сандерс.
“Мислам дека, сепак, корпоративна Америка ги крие своите добивки во офшор земји како Кајманските острови. Корпорациите како “Џенерал електрик” не плаќаат и корпоративни даноци. Тоа е апсурдно. Ако Трамп има храброст да се спротивстави на овие корпорации, да побара тие да плаќаат фер удел во даноци и побара од нив да создадат работни места во САД, тој ќе добие сојузник во мое лице “, додаде сенаторот, одредуван како социјалист.

Слични содржини