Беровчани пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во полициска станица

од Nikola Popovski
551 прегледи

Жители на Берово пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во најблиската полициска станица, информираат од ЦУК.

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип појаснува дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно средство, за кое се претпоставува оти потекнува од Првата светска војна.

Веднаш било преземено од страна на пиротехничар од ДЗС – Берово за негово уништување.

-Ваквата постапка навидум изгледа правилна, но е несоодветна, односно опасна по личната и општа безбедност.  Граѓаните  треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства граѓаните да не ги допираат и поместуваат туку да се јават на телефонскиот број 112 во ЦУК, а потоа веднаш ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци  – пиротехничари. Така е најбезбедно, апелираат од ЦУК.

Слични содржини