Беровската населба Абланица добива улично осветлување

од desk4
115 прегледи

Почнаа активностите за поставување улично осветлување во туристичката населба Абланица во општина Берово, во рамки на активностите за подобрување на условите за туристите.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека со овие активности се проширува електричната мрежа за осветлување во населбата, што се наоѓа близу до Беровското езеро.