Бес и протести во Барселона по ослободувањето на петте мажи обвинети за силување на 14-годишно девојче

од Aleksandar Petrovski
228 прегледи

Бес и протести во Барселона предизвика одлуката на судот да ги ослободи петте мажи обвинети за силување на 14-годишно девојче.

Судот го исклучил силувањето бидејќи жртвата била во „несвесна состојба“, а обвинетите не користеле сила ниту ја заплашувале. Според шпанскиот закон, тоа е она што е потребно за обвинување за сексуално злоставување, што според законот е еквивалентно за силување.

Наместо тоа, осудени се на затворски казни за помали дела за сексуално злоставување, пренесува БиБиСи.

Петте мажи се осудени на затворска казна од 10 до 12 години. За сексуално злоставување, затворската казна е помеѓу 15 и 20 години.

Слични содржини