Беса: Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Централното претседателство на Движењето БЕСА ја усвои ова Декларацијата на албанските партии во Македонија со цел да покажат посветеност дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, соопштија денеска од Беса.

„Оваа декларација, која е составена од страна на албанскиот фактор и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, а за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга туку сите се подеднакво заслужни, ја изразува заедничката волја дека било која партија која денеска и во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со било која владина програма, со било кој македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма“, стои во соопштението

Од Беса истакнуваат дека денеска промовираната заедничка изјава со ДУИ и Алијанса за Албанците е во целосна согласност со платформата и со изборната програма на Движењето БЕСА и оти партијата истовремено ќе продолжи да ја афирмира и својата платформа.

Платформата на ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците,се состои од седум главни точки кои се однесуваат на рамноправноста која е предвидена со Охридскиот договор и Уставот, на рамноправен економски и регионален развој, на зајакнување на владеењето на правото, на создавање дух на доверба во меѓуетничките односи, на решавање на спорот со името, на градење добрососедски односи и на брза интеграција во ЕУ и НАТО./Мета