Од Движењето БЕСА денеска со соопштение апелираат актуелната власт да не ги дели функциите во образовните институции по партиска линија, затоа што тие не треба да бидат партиска сопственост.

По потврдените информации дека владините партнери започнале да ги делат меѓусебе и научно-образовните институции, како што е и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, за кој тие одлучиле да му се додели на ДР-ДПА, од БЕСА прашаа во чи раце ќе отидат и другите инстуции како Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“.
Поради истата причина прашуваат на кој ќе му се додели раководната улога и во Институтот за македонски јазик, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Институтот за македонска книжевност, Институтот за социолошки, правни и политички прашања.
„Почитувани, од кога поставувате стандард и научно-образовните институции да бидaт сопственост на политичките партии исто како што ги поделувате тендерите? Имајќи ги во предвид овие факти, Движењето БЕСА ја осудува оваа екстремна политизација на научно-образовните институции, окваликувајќи ја како реприза на поранешните сцени во Македонија, а за жал дел од оваа игра сега е и една партија која до вчера го обвинуваше ДУИ за политизација на научно-образовните институции, значи ДР-ДПА. Ние сега се убедуваме дека старата изрека „ако сакаш да го распознаеш вистинското лице на некој, дај му власт!“, денес го отсликува најдобро оваа партија, а и воопшто оваа влада“, се наведува во соопштението.