Беса бара три, АА осум изборни единици

од Nikola Popovski
293 прегледи

Движењето Беса бара три, наместо една изборна единица и за сите измени на Изборниот законик да има консензус од сите партии.

-Предлагаме спојување на првата со втората изборна единица, третата со четвртата и петтата со шестата, a Изборниот закон да се донесе консензуално значи сите политички партии, изјави пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели по средбата со  ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски потенцира дека предложените закони не треба да се кријат, туку треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон сметаат дека е поволен и граѓаните ги претставува на најдобар можен начин во законодавниот дом.

Милошоски за утре најави средба и со Алијанса за Албанците. Партијата на Села бара осум изборни единици и отворени гласачки листи.

ДС и ДОМ сметаат дека е добро да има една изборна единица поради тоа што на тој начин секој пратеник ќе биде избран со сразмерен број гласови.

 

Слични содржини