Генералниот секретар на Беса, Абдуш Демири на прес-конференција денеска побара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ и единствена ориентација да биде „Берлинскиот процес“.
Според Демири, тој процес суштински ја содржи евроинтеграцијата на сите народи, безусловно, почитувајќи ги вредностите на сите.
Движењето Беса бара од Владата на криминалот и корупцијата, да се откаже од проектот „Отворен Балкан“, особено кога Косово е занемарено во оваа иницијатива. Заедничките проекти се реализираат само со добрососедство засновано на меѓусебно признавање и со злосторства врз народ на кој не му побарале прошка и сè уште нема одлука за геноцидот врз човештвото. Сите проекти кои ги нарушуваат интересите на народот, а особено на Косово во оваа ситуација, остануваат неприфатливи, рече Демири.
Како што вели, „БЕСА бара од ДУИ (прогласена како промотор на Отворен Балкан) заедно со нивните вазали, да ги следат позициите на Косово, кои се против секој проект што ја враќа албанската нација во руско-југословенски канџи“.
Воедно, ве повикуваме да не ги користите идните посети кои се организираат во Тирана, за „фотосесии“ на мрсните вечери што се служат во овие времиња на кризи и конфликти на Балканот и пошироко.Движењето БЕСА продолжува да биде против каква било иницијатива, која нема да се заснова на добрососедство, проевропска агенда и меѓудржавно меѓусебно признавање, порача меѓу другото Демири.