БЕСА: Дамева е разрешена спротивно на законот и демократските вредности

од Vladimir Zorba
143 прегледи

На денешната седница на Судскиот совет, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, беше арбитрарно разрешена, спротивно на законот и демократските вредности, само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков, смета партијата Беса.

Од партијата велат дека со ова се потврдува дека судството е заробено од владејачките партии СДСМ и ДУИ.

– Денеска уште еднаш се потврди дека сите судски одлуки кои ги носи највисокиот орган во рамките на судската власт, Судскиот совет, се носат по наредба на политичките партии кои се на власт, истакнаа од Беса.

Партијата ги повикува меѓународниот фактор и граѓанскиот сектор, заедно со опозицискиот политички фактор на борба против, како што се вели во соопштението, оваа анархија и арбитрарност во рамките на судската власт.

Слични содржини