БЕСА ги кани партиите на Албанците на лидерска средба

од Берта Китинска
162 прегледи

Вчера Движењето БЕСА, ги покани партиите на Албанците на лидерска средба за уставните измени и формулацијата за јазикот.

Како што изјави генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа, на средбата може да присуствуваат и оние партии на Албанците коишто имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана.

„Во име на претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, ќе испратиме покана до сите албански политички партии за заедничка средба на која ќе се разговара за унапредување на законско-уставните права на Албанците во Северна Македонија. Исто така, на оваа средба ќе биде предложена дискусија за градење заеднички став на албанскиот политички фактор во земјава во однос на уставните измени кои мора да се случат многу брзо и преземање конкретни чекори за отстранување на погрдниот термин „20%“ и негова замена со одредницата ‘албански јазик’“, рече Хоџа.

Претходно пак шефот на македонската дипломатија и портпарол на ДУИ Бујар Осамни рече дека не смета оти ова треба да биде албанска етничка агенда, туку треба сите политички партии да седнат и да ги разгледаат овие прашања.

„Не сум наишол на отпор од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за промената на „20 проценти“, тогаш зошто ова да се претвори во трка или анимозитет помеѓу политичките партии на македонскиот блок“, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, осврнувајќи се на барањето на албанскиот блок да се избрише од Уставот „ јазик што го зборуваат над 20 проценти“ и да стои само „албански јазик“.

Тој, потенцираше дека колку што имаат интерес албанските партии, толку имаат и македонските политички партии од промената на овој начин на формулирање.

Слични содржини