БЕСА го победи ДУИ во Тетово, Села си даде оставка

од Берта Китинска
343 прегледи

Резултатите од вчерашните избори се надвор од секое наше очекување за Тетово и ја како престседател сум спремен да превзема одговорност и превземам одговорност давам неотповиклива оставка од претседателското место во партијата, кажа Зијадин Села лидер на Алијансата за Албанците по средбата со потесното претседателство на партијата.

-Во периодот што следи на високиот орган на партијата треба да заседава и да одлучи кој ќе биде вршител на должност на претседател на партијата, кажа Села.
Време е за промена на власта и предвремени избори, смета лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник Касами по вчерашните избори во Тетово за советнички листи.

-За краток период ние два пати ја победивме ДУИ, сигурно дека легитимноста на Албанците од Северна Македонија овде од Тетово, покажува дека не е веќе со ДУИ, затоа ние уште еднаш од плоштадот во Тетово бараме предвремени парламентарни избори за волјата на Албанците од Струга до Куманово и конечно Албанците во Северна Македонија да имаат достоинствени претставници и во централната власт така како што има во Тетово, кажа Биљал Касами по изборите во Тетово.

За лидерот на ДУИ пак, крезултатите се такви затоа што излезноста на изборите во Тетово била многу ниска,. Сепак, Ахмети го призна поразот.

Неизлезноста е многу висока на овие избори, за жал и во погрешно време, но ова е демократија и ние ја почитувавме. , изјави Али Ахмети, престедател на ДУИ
Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека резултатаот од 2 наспроти 1 на советничките листи во Тетово, покажува дека на ниво од цела Македонија би имале 55 пратеници, наспроти 27 те од СДСМ. Затоа бараат предвремни избори.

Двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше е уште една потврда за исправните, вистински политики кои ги спроведуваме, ведлат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека граѓаните испратиле силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Во октомври минатата година ДУИ освои 10.114 гласа во Тетово а вчера освои 8702. Според овој резултат ДУИ за една година изгубила 1412 гласа. На овие избори Движење Беса забележа раст на гласачкиот електорат. Гласачкото тело на Беса е зголемено за 1253 гласачи во однос на минатите избори кога освои 8367 гласа, додека вчера освои 9620. Според аналитичарот Арбен Раткоцери овој резултат е изненадување и додаде дека претставува шамар за ДУИ.

Слични содржини