Кандидатот на „Движењето Беса“ во општина Тетово и лидер на оваа партија, Билаљ Касами го претстави идејниот проект за решавање на проблемот со немањето чиста вода за пиење во овој град. Според Касами, ако тој биде избран за градоначалник, Тетово ќе добие нова водоводна мрежа која за граѓаните ќе овозможи вода за пиење 24 часа. Касами вели дека мрежата ќе се постави со средства од општината и со помош на странски донатори, проект кој според него ќе изнесува три милиони евра.
„Нашата понуда е за четири години да ја санираме целата водоводна мрежа во критичните точки, таму каде што најголема загуба и таму каде што е проблематично снабдувањето со водата за пиење. Исто така, нашата понуда е за четири години да ја прошириме актуелната мрежа за снабдување и надвор од зоните каде моментално стигнува градската водоводна мрежа, со цел и овие зони да имаат 24 часа вода. Вкупната сума на оваа инвестиција со цел секој тетовец да има вода не е повисока од три милиони евра“. – изјави Билаљ Касами- лидер на Движењето Беса