Движењето БЕСА бара да се смени амандманот V од Уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Република Северна Македонија.
Од партијата додаваат дека не се против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на Уставот на државата, но сметаат дека е „исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија“.
-Ќе бараме од овластениот предлагач на уставните измени, односно Владата на Република Македонија, во текот на составувањето на нацрт-верзијата на уставните измени, која ќе биде испратена за расправа до Собранието на Република Северна Македонија за да се инкорпорира, покрај измената на уставната преамбула и амандманите на петтиот амандман на Уставот на Република Македонија.
1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма:
2. На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.
3. Другите ставови од Амандманот V треба да се приспособат според став 1, стои во партиското соопштение.