БЕСА: Немаме договор со ниту една партија, ДУИ клевети

од desk2
89 прегледи

Движењето БЕСА на локалните избори оди без договор со ниту една друга партија на ниво на целата територија, додека во неколку општини имаме соработка со некои албански партии, велат од партијата на Билал Касами за Плусинфо.

Наспроти ваквиот став на БЕСА, ДУИ денеска излезе со тврдење дека таа партија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори и има блиска соработка со партијата на Никола Груевски. Партијата на Али Ахмети, обвинува дека кандидатите на БЕСА, се сликале на прослава со Јохан Тарчуловски, осуден од Хаг за воени злосторства против Албанците.

„БЕСА е антоним на криминалот и корупцијата. Криминалот не го амнестираме. За прв пат имаме еден политички субјект кој е со Албанците и кој има своја изградена визија. Движењето БЕСА е тука за да ги брани албанските интереси – велат од Беса.

Зоран Заев, пратеникот Мухамед Зеќири, медиумите, и анкетираните од самиот терен потврдиле дека БЕСА е во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, додава ДУИ и ги прозива Зеќирија Ибрахими и Билал Касами, дека никогаш не го негирале тоа./Плусинфо