„Беса транс“ приложувала невалидни изводи од лиценци за автобусот, велат од Царината

од Nikola Popovski
240 прегледи

Царината ги евидентирала изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс“ кој повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава, но најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи, изјави денеска директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

– Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат, рече Кутиров, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Потсети дека е направена и внатрешна контрола во Царинската управа при што се санкционирани царинските службеници кои таа вечер биле на смена.

Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени, на враќање од туристичко патување од Истанбул.

Слични содржини