„Беса транс“: Жртвите не биле во ниту еден од автобусите што се појавуваат на видеата

од Берта Китинска
222 прегледи

Туристичката агенција „Беса транс“ преку својот Фејсбук профил демантира дека на снимките од хотелот кои се појавија во медиумите, се гледа автобусот во кој се качиле жртвите.

„Изразуваме сочувство до сите роднини на загинатите во трагичната несреќа што се случи вчера во раните утрински часови, на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи дезинформаците ќе бидат медиумска цел. Како резултат на дистрибуција на некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници, автобусите што се појавуваат на тие видеа, во никој од нив не биле жртвите од трагичната несреќа. Медиумите прво треба да ја потврдат веста и потоа да ја дистрибуираат и не да го искористуваат трагичниот случај.Немајќи официјална информација, не презедовме никакви чекори за информирање на јавноста“ пишуваат од агенцијата.

Слични содржини