Дербито на првиот ден на Австралија опен меѓу Денис Шаповалов, 12-ти тенисер во светот и младата надеж на „белиот спорт“, Јаник Синер, го одбележа кавгата меѓу Канаѓанецот и главниот судија.
Откако го заврши четвртиот сет и помина три часа и четири минути на теренот, Шаповалов побара од главниот судија да оди во тоалет, што тој одби да го дозволи!
Следуваше остра кавга меѓу судијата и тенисерот.
Канадскиот ас веќе започна да го напушта теренот, а потоа мораше да се врати на своето столче бидејќи судијата му се закани.
„Што ќе се случи ако заминам? Што ќе се случи? Нема да ме дисквалификуваш? Ќе уринирам во панталони “, луто извика Канаѓанецот, додека одговорот на судијата не се слушна во преносот, но можеше да се претпостави што кажал по реакцијата на играчот.
"I'm going to pee in a bottle." 😂😂😂
Denis Shapovalov isn't happy with the toilet break rule.
WATCH: @Channel9
STREAM: https://t.co/TYsz5RZN3Z #9WWOS #AusOpen pic.twitter.com/X9PYABlOH4— Wide World of Sports (@wwos) February 8, 2021
Во еден момент, судијата на стол реши да му каже дека ќе разговара со организаторот, на што Шапо одговори:
„Јавете се на претпоставениот и известете ме. Ќе уринирам во шишенцето, додека да дојде тој, јас ќе завршам. Зошто сега не им дозволувате на играчите да одат во тоалет?! Не го разбирам ова правило. Може да го сметате како мое време за физиотерапевт, не ми е гајле“, извика лутиот Шаповалов.
Канаѓанецот, кој има само 21 година, веќе има вистинска историја на конфликти и има удрено судијата со топче на меч од Дејвис купот.