МНОГУ активни и поранешни украински спортисти се приклучија на одбраната на својата татковина откако Русија ја нападна Украина. Меѓу нив е Андреј Медведев, легендарниот украински тенисер кој беше четврти играч на АТП ранг листата во 1994 година.
„Легендата на светскиот тенис е подготвена да остане во Киев и да го чека непријателот. Неверојатно ми е мило што го видов капитенот на украинската репрезентација Андреј Медведев. Патриот на Украина“, напиша пензионираниот украински тенисер Серхи Стаховски на Инстаграм и објави фотографија со неговиот сонародник.
Медведев во кариерата освои 11 АТП турнири, а најголем успех на Гренд слем забележа во 1999 година, кога играше во финалето на Ролан Гарос, губејќи од Американецот Андре Агаси во пет сета, иако првите два сета ги доби со 6-1 и 6: 2.