Беше најдобра на светот, а сега започнува од дното; „преживеа“ операција на градите и допинг

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Поранешната тенисерка број еден во светот, а моментално 877. тенисерка на ВТА ранг-листата, 33-годишната Романка Симона Халеп доби покана од организаторите да се појави во квалификациите на првиот Гренд слем турнир следната сезона, Австралија опен, кој ќе се одржи во Мелбурн од 12 до 26 јануари.

Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но казната ѝ беше намалена на девет месеци по жалба бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанција „роксадустат“.

Годинава играше на турнирот Мастерс 1000 во Мајами во март и на ВТА турнирот во Хонг Конг во октомври, но и двата пати загуби во првото коло.

Најдобриот резултат Халеп го постигна во Мелбурн во 2018 година кога играше во финалето.

Инаку, Халеп мораше да оди на естетска операција во 2009 година, бидејќи градите и беа преголеми за нејзината тежина и висина, што и создаде товар.

Слични содржини