Беше прашање на време кога ќе настрада човек, велат од „Анима мунди“ за труењето со пестицидот во питата

од Nikola Popovski
272 прегледи

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ се огласи за случајот со труењето со пита во Скопје со пестицидот „ланате“, при што почина едно лице, а едно е во коматозна состојба. Најдлабоко жалат за оваа страотна трагедија и сочуствуваат со семејството.

-Години наназат сведоци сме на злоупотреба на смртоносни отрови, нивно расфрлање по високо фреквентни јавни површини (паркови, училишни дворови, детски игралишта; околу влезови и ресторани повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот) масовни труења животни со супстанци кои за десетина минути, по само вдишивање и на најлош можен начин убиваат животни кои тежат и повеќе од 40 килограми, истакнаа од здружението.

Порачуваат дека барале истраги на терен и меѓуинституционална соработка пред се од МВР, АХВ, општините, проверки по земјоделските аптеки, пазарите; секогаш подржани и од новинарите кои темата ја третирале пред јавноста зошто не засега сите.

-Предупредувавме дека е прашање на време кога ќе настрада човек. Но од страна на институциите со прст не е помрднато, ниту една единсвена мерка никогаш не била преземена, тук тамо некакво декларативно ветување пред јавноста во функција на пр, а најчесто само игнорирање и молк, истакнаа од „Анима мунди“.

Од МВР информираат дека од лице место подигнати се доказни материјали кои се предадени на натамошно вештачење.

-На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Според информациите, снаата почина, бабата е во кома, а синот на Клиниката за токсикологија во стабилна состојба.

Слични содржини