32
Славниот Бразилец Роналдо за медиумите зборуваше за тоа кој му бил најдобар и најлош соиграч во текот на неговата играчка кариера.
Тој истакна дека најлошиот играч со кој играл бил Томас Граверсен.
– Беше навистина одлично момче, прекрасна личност. Пред некој ден победи на турнир во покер за 50 милиони долари или нешто слично. Но, на фудбалскиот терен беше ужасен, играше силно, удираше силно, истакна „феноменот“.
Тој посочи кои според него биле најдобрите фудбалери со кои играл.
– Најдобри беа Роналдињо во репрезентацијата и Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу стил, беше различен, многу технички вешт, се изгледаше едноставно, додаде Бразилецот.