Бешикташ испрати понуда за Матс Хумелс

од Vladimir Zorba
1,9K прегледи

Бешикташ упатил понуда до германскиот дефанзивец Матс Хумелс, објавија турските медиуми. Предлогот на турскиот клуб е за договор на 2+1 година.

Хумелс сега е слободен играч откако ја напушти Борусија Дортмунд. Неговиот договор со финалистот од Лигата на шампионите не беше обновен и тој може да се пресели во друг клуб без трансфер сума.

За 35-годишниот фудбалер не недостига интерес од други клубови од Европа, како и од МЛС и Саудиска Арабија. Сепак, желбата на фудбалерот е да остане на Стариот континент.

Се очекува Хумелс наскоро да донесе одлука за својата иднина, а Бешикташ е една од неговите главни опции.

„Црните орли“ веќе се засилија со еден централен дефанзивец – Габриел Паулиста од Атлетико Мадрид.

Слични содржини